Достапни линкови

Работата на осумте задачи од ЕУ за почнување пристапни преговори се одвива според предвиденото темпо


Македонските власти уверуваат дека спроведувањето на осуммте задачи кои Унијата ги постави како услов за почеток на пристапните преговори се одвиваат според предвиденото темпо. Владиниот портпарол Ивица Боцевски вели дека надлежните органи имаат капацитет да ги спроведат сите поставени критериуми до крајот на годината

„Владата направи соодветен акционен план за да може да се спроведат овие осум критериуми. Овој акционен план се следи на секоја седница на владата на Република Македонија. До сега реализацијата на акциониот план тече според предвидената динамика.“

Стручната јавноста пак оценува дека осумтте критериуми паднаа во сенка на два многу поважни критериуми, одржувањето на демократски избори и брзо решавање на спорот за името со Грција.

„Најважни се овие два критериуми, коишто воопшто немаат врска со осумте, условно кажано технички критериуми коишто ги исполуваат и другите држави. Доколку видиме сега во изминативе неколку месеци што се случуваше што може да се заклучи од случувањата во Србија и Албанија, дека едноставно политичките критериуми се поставуваат како поважни од други технички критериуми.“

Но, иако изборите и името се наметнаа како најважен услов за нашата европска иднина, експертите велат дека не можеме да се надеваме на членство без релизација на техничките критериуми. Од нив, она на што треба повеќе да се работи се подобрување на политичкиот дијалог, реформа во јавната администрација и поефикасни мерки за вработување, велат упатените. Сепак, аналитичарот Алберт Муслиу смета дека се реални очекувањата да се завршат сите задачи до ноемврискиот извештај на Унијата.

„Некои од тие критериму продолжуваат и понатаму. Значи, ако тие видат подобрување, тоа го прифаќаат. Изборите се важен критериум. Тука го имаме и прашањето со името, но не се најбитниот.“

Спроведувањето на сите обврски од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, политичкиот дијалог, имплементацијата на законот за полиција, закон за антикорупција, реформа во судството и јавната администрација, мерки во политиките на вработување и подобрување на бизнис климата се осуммте задачи од чие исполнување ќе зависи препораката на ЕУ за добивање на датум за преговори.
XS
SM
MD
LG