Достапни линкови

Македонија е важен стратешки партнер на САД и котва на стабилноста на Балканот


Македонија е важен стратешки партнер за Соединетите Американски Држави и важна котва за стабилноста на балканот изјави потсекретарот Хенриета Фор, Администратор на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).Таа истакна дека американската влада и американскиот народ постојано ке бидат на страната на Македонија и македонскиот народ во наредните години.
„Американскиот народ се грижи за македонскиот народ и многу е важно вашето движење напред кон евроатланските интеграции и односи и токму затоа ние сме до вас и ве подржуваме“
посочи Фор и додаде дека досегашните проекти кои ги реализирале за развој на образование демократија и економски развој во Македонија и кои ке продолжат да ги поддржуваат и во иднина ке придонесат за подобрување на стандардот кај граѓаните.
„Работниците мора да ги поседуваат вештините за управување со денешните технологии, кои ке им потпомагаат во работното место. Компјутерските лабаратории,основните инструкции кои ги добиваат учениците во основнито и средното образование е многу важен за компаниите кои довагаат во Македонија. Ние ке настојуваме да најдеме нови партнери кои ке дојдат во Македонија кои ке ги увидат можностите на луѓето и на земјата.“
Во посетата на Македонија,Фор оствари средба и со Претседателот Бранко Црвенковски. Како што соопшти неговиот Кабинет, Црвенковски се заблагодарил за досегашната успешна соработка и за помошта што УСАИД постојано и ја дава на Република Македонија. Во разговорот, шефот на државата ја запозна гостинка од САД со актуелната ситуација во Македонија и со напорите на институциите за регуларно завршување на процесот на предвремените парламентарни избори.
Владата на САД преку УСАИД досега во Македонија има инвестирано речиси 500 милиони долари во проекти кои ја поддржуваат транзицијата во земјата кон пазарната економија и мултиетничкото демократско општество. Проектите содржат иницијативи за забрзување на економскиот раст, развивање на демократските институции и едуцирање на граѓаните за потребите на модерната економија.
XS
SM
MD
LG