Достапни линкови

logo-print

Половина милијарда долари за Македонија од 1993-та за развој на демократијата и економски развој


Од почетокот на 1993 година па до сега Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите американски држави (УСАИД) имаат инвестирано околу 500 милиони американски долари во развој на образование демократија и економски развој во Македонија.

„Проектите за економски развој насочени за подобрување на земјоделството, подобрување на бизнис климата во Македонија, проектот а е влада, преку кој се воспостави едношалтерскиот систем, потоа проектот за образованието преку кој имеме 71 кариер центар низ Македонија. А, преку проектот за рециклирање на пластика ќе бидат опфатени сите општини во Македонија,“

вели преставничка од канцелариите на УСАИД во Скопје и додава дека поддршката во овие сегменти продолжува и во иднина. Посочувајќи на проектите од образованието во кои спаѓа и реновирање на 100 училишта до 2011 година, подобрување на способностите на наставниците особено во ИТ секторот, проект со кој се инсталираа компјутерски лабаратории во сите основни и средни училишта, со што Македонија стана првата безжична земја во светот додаде

„Во однос на бизнис климата ќе останеме во истиот фокус, во областа на регулативата, промоцијата преку проектот за конкурентност и поддршка на процесот на рециклирање. Таму УСАИД инвестира 30 милиони долари по општина.“

Инаку претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска оствари средба со Потсекретарот Хенриета Фор, администратор на УСАИД.
XS
SM
MD
LG