Достапни линкови

Деветти јули е веќе пропуштен рок за решавање на спорот, сметаат експертите


По паузата поради изборите во државава, неделава во Њујорк како што се најавува треба да продолжат преговорите за името меѓу македонскиот и грчкиот преговорач Никола Димитров и Адамантиос Василакис со посредство на медијаторот Метју Нимиц. До преговорите доаѓа во период кога државава се подготвува за процесот на прегласување на изборите во повеќе гласачки места поради низата нерегуларности. Пред средбата во Њујорк во македонскиот државен врв само кусо одговараат дека Македонија останува во процесот на преговори за изнаоѓање решение. Во пресрет на новата средба за името на која како што е највено треба да се утврдат прецизно спорните точки и од која не треба да се очекува нешто суштинско, домапните експерти коментираат дека негативната слика која што земјава ја испрати во светот поради инцидентите за време на изборите ги ослабнува нашите позиции:

,,Ги намалува нашите позиции во однос на поканата за НАТО и ЕУ како што знаете фер и демократски избори беа дополнителен услов во однос на преговорите за ЕУ, но и во однос на преговорите со Грција.“

Смета аналитичарот Мерсел Биљали. Поранешниот министер за надврошени работи Слободан Чашуле пак посочува и една друга димензија, дека по изборите се засилени позициите на владата која успеа да го добие потребното мнозиниство во Парламентот и сега е ослободена од секаков притисок во поглед на својот цврст став за решавање на спорот со името:

„Значи она што сакав да ви кажам, дека ние сега имаме Собрание кое што може да ја ратификува секоја одлука на владата, но друго прашање е дали таа влада ќе сака да направи компромис со Грција. Јас мислам дека нема.“

Денеска и грчките весници пишуваат дека со подршката добиена од мнозинството избирачи премиерот Никола Груевски всушност како што пишува грчкиот весник То Вима има ,,одвразни раце„ во спроведувањето на својата политика за името. То Вима наведува и дека поради периодот на формирање на новата Влада во земјава, раздвижување на процесот околу спорот за името со Грција нема да биде одбележан пред септември. Во рокот кој што ни е испорачан од НАТО, 9-ти јули за да се фати чекорот со Хрватска и Албанија за нашето членство во Алијансата, не веруваат ниту експертите во земјава:

„9-ти јули е веќе поминат рок. Ние дотогаш неможеме Собранието да го конституираме, па како ќе направиме Влада на 9-ти, па таа Влада да донесе одлука, а Собранието да ја ратификува.“
„Сега спротивно времето работи за нив, а не за нас.“


посочуваат Чашуле и Биљали.
XS
SM
MD
LG