Достапни линкови

Скопје: ДИК го заврши разгледувањето на сите приговори, повторено гласање во 186 избирачки места


Државната изборна комисија, доцна синоќа го заврши разгледувањето на сите приговори поднесени од ДПА, од Коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ, Коалицијата „Сонце“ и од ТМРО. По сите основи беа поништени гласањата во околу 186 избирачки места, соопшти портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Врз основа на дополнителна анализа, што треба да покаже колку бројот на запишани избирачи во избирачките места влијае врз резултатите по изборни единици, ќе биде донесено решение каде ќе се повтори гласањето на 15 -ти јуни. Доколку подносителите на листи не се задоволни од решението на Државната изборна комисија, имаат право на жалба до Врховниот суд на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG