Достапни линкови

Атина: Посета на францускиот претседател Никола Саркози


Францускиот претседател Никола Саркози денеска е во посета на Грција. Предвидени се разговори со грчкиот претседател Каролос Папуљас и со премиерот Костас Караманлис, главно за француските приоритети во периодот на претседавањето на Париз со Европската Унија, што започнува од наредниот месец. Меѓу темите се и ситуацијата на Балканот, како и макеоднско – грчкиот спор за името, за кој Франција, како што се оценува во Атина, застана на страната на Грција.
XS
SM
MD
LG