Достапни линкови

Атина: Саркози во посета на Грција каде една од темите ќе биде македонско-грчкиот спор за името


Францускиот претседател Никола Саркози денеска е во посета на Грција во рамки на турнејата низ земјите членки на ЕУ, пред Франција да го преземе претседавањето со Унијата на 1 јули. Во разговорите со грчките власти главни теми ќе бидат целите на Франција за време на претседавањето со ЕУ, а агенциите освен регионалните прашања наведуваат дека една од темите при средбите ќе биде и спорот со името меѓу Македонија и Грција, за кој Франција и изрази подршка на Атина. Вчера македонскиот претседател Бранко Црвенковски го откажа учеството на Форум на ОН во Атина, поради забраната од Грција за слетување на македонскиот државен авион поради националните обележја кои ги содржи.
XS
SM
MD
LG