Достапни линкови

logo-print

Скопје: ДИК одлучи да го поништи гласањето на 68 избирачки места


ДИК во текот на вчерашниот ден и рано изутринава на седницата на која се разгледуваа приговорите поднесени од партиите за нерегуларности на денот на изборите одлучи да го поништи гласањето на 68 избирачки места во изборните единици 1, 2 и 6. Имено, Комисијата врз основа на приговорите од ДПА го поништи гласањето во 13 избирачки места, врз основа на приговорите поднесени од ВМРО ДПМНЕ комисијата одлучи гласањето да биде поништено во 48 изборни единици, а ДИК пред прекинот на седницата чие продолжение е закажано за денеска, започна и со разгледувањето на приговорите од ДУИ и одлучи да го поништи гласањето на две избирачки места.
XS
SM
MD
LG