Достапни линкови

Еколошките друштва сметаат дека регулативата не се почитува


Индустриско ориентираните компании ги поседуваат сите потребни елементи за заштитување на човековата средина. Од рафинеријата ОКТА велат дека во нивната фирна постои цело одделение кое постојано врши анализи и контроли на загадувањето. Од таму информираат дека откако почнале со извлекување на сулфурот од горивата изградиле нова постројка која ке го претвара сулфурот во елементарен со што повеке нема да се чуствува мирисот како што беше предходно со десулфуризаторот. И од компанијата Адинг која се занимава со производство на адитиви и други хемиски материјали за градежништво велат дека ги контролираат емисиите на гасови во воздухот:

„Користиме филтри. Тоа го бараат ИСО стандардите. Не само филтри за воздух, туку и за вода, за да се спречува одлив на штетни материи во водата. Значи, и емисијата на штетни гасови и течности се филтрираат се со цел да не се загади животната средина,“

вели Драган Николов претставник од АДИНГ

Но од Еколошките друштва истакнуваат дека ,иако во Македонија постојат законски регулативи во однос на емисијата на штетни токсични гасови кој што излегуваат од индустриските капацитети, сепак регулативата малку се почитува. За целата ова ситуација виновна е државата посочуваат од еколошките друштва.

„Овој однос ги охрабрува загадувачите да продолжат со несовесно работење и мислам дека нерешавањето на проблемите им дава право да продолжат со загадувањето на животната средина во Македонија. Сметам дека тоа воопшто не е добро, затоа што се одразува негативно врз луѓето и животната средина. Во многу краишта ќе видите деформирана животна средина,“

вели Ненад Кочиќ од еколошкото здружение Вила Зора.

Инаку генералниот секретар на Обединетите нации,Бан Ки-мун по повод Светскиот ден за заштита на животната средина порача дека светот треба да ги промени лошите навики од зависност од горива кои се засновани на јаглерод чие согорување доведува до зголемување на стакленичките гасови во атмосверата и е главен виновник за климатските промени.
XS
SM
MD
LG