Достапни линкови

Безбедносната ситуација на границата со Косово нормална


Безбедносната ситуација во земјава е мирна и стабилна и не постои опасност од некаква посериозно нарушување, велат од македонската полиција. И на северната граница во делот кон Косово не е регистрирана промена која укажува на еветуална влошеност на безбедноста, вели Иво Котевски од министерството за внатрешни работи.

„Напротив, состојбата е исто како и претходна и МВР, односно граничната полиција будно ја следат состојбата и се надеваме дека состојбата ќе остане исто како и сега, односно дека ќе нема никакви инциденти.“

И од косовската полиција уверуваат дека ситуацијата е под контрола и оти не се регистрирани поголеми раздвижувања.

„Освен вообичаената раздвиженост не забележевме нешто што е поразлично, за нас е важно лицата што сакаат да ја поминат границата и да одат во Македонија да имаат валидни документи. Потоа доколку македонските надлежни власти мислат дека тие лица не треба да влезат во Македонија, тие би можеле да ги вратат,“

вели Ветон Елшани, портпарол на косовската полиција.

Од косовската страна не беше зголемена безбедноста на границата ниту во предизборниот период, а не е ниту сега, вели Елшани.

„Безбедноста на македонско-косовската ситуација не беше зголемена. Ние имаме доволен број полицајци за да ја извршуваат добро својата работа. Ние имаме многу добри однсои со нашите колеги од Македонија и доколку тие од нас побараат да бидеме посебно внимателни, имајќи го предвид фактот дека сте во изборен период, тоа ќе го направиме,“

изјави Елшани.

Дел од експертите велат дека не треба да се потценува опасноста од влошување на безбедносната ситуација во земјава. Според проф. Назми Малики државните органи и политичките партии треба да бидат претпазливи и навремено да реагираат за да не се наруши сигурноста на граѓаните.

„Ако беше доволна поука денот на изборите, сега секако оваа работа треба да се организира на најпрофесионален начин во координација и со меѓународните структири кај нас и со политичките партии и се надеваме дека нема да има и понатаму партиски активисти кои ќе се облечат во полициски униформи и ќе ја пореметат довербата на граѓаните кои треба да ја имаат кон државата,“

изјави Малиќи.
XS
SM
MD
LG