Достапни линкови

Скопје: Црвенковски го откажа учествити на Самитот на шефови на држави на ЈИЕ во Атина


Претседателот Бранко Црвенковски го откажа учеството на Самитот на шефови на држави на Југоисточна Европа, што ќе биде одржан на 13 јуни во Атина, поради несогласувањето на грчките власти за слетување на владиниот авион. Кабинетот на претседателот соопшти дека за ваквата одлука на грчките власти е известен од Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, од каде се понудени други начини за пристигнување на Црвенковски во Атина, а кои се одбиени од кабинетот како неприфатливи. Причините за владиниот авион се идентични со причините кои грчките власти и ги посочија на приватната авио компанија од Република Македонија, чии прелети беа забранети во Грција. Според претседателот Црвенковски, ваквата постапка е спротивна на меѓународните норми и принципи и не придонесува во развојот на добрососедските односи и на заложбите за заеднички европски и демократски вредности.
XS
SM
MD
LG