Достапни линкови

logo-print

Љубљана: Евро американскиот самит ќе биде посветен на климатските промени


Словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел изјави дека Евро-американскиот самит, кој ќе биде одржан на 10 јуни на Брдо кај Крањ, ќе биде посветен на климатските промени, Западниот Балкан, и визната политика. На самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Грузија, Иран и Блискиот исток, енергетски прашања, Кавказ, трансатланскиот економски совет и безбедноста во воздушниот сообраќај.Според Рупел, учесниците на самитот ќе потпишат декларација која ќе претставува документ со силна политичка порака што ќе ги спои целите на Европската унија и интересите на Соединетите Американски држави.
XS
SM
MD
LG