Достапни линкови

Континуитет на руската надворешна политика, сметаат експертите


Денешната посета на новиот руски претседател Дмиртиј Медведев на Берлин преставува континуитет на руската надворешна политика велат експертите. Се очекува германскиот канцелар Ангела Меркел да разгова со Медведев и за судките реформи, и пакетот слобода на печатот и човекови права.

Новиот руски Претседател Дмиртиј Медведев во Берлин се состанува со канцеларот Ангела Меркел, Претседателот Хорст Келер и министерот за надворешни работи Валтер Штајнмаер. Прашањата се дали Медведев ке има по либерален курс од неговиот претходник Владимир Путин, кој пак минатата недела ги возбуди духовите со неговата посета на Франција прва како Премиер на Рсуија. Германија е пак прва посета на запад на новиот Претседател Медведев. Рускиот политички аналитичар Евгениј Волк вели дека тешко може да се верува оти Медведев нема да го следи курсот на неговиот ментор Путин.

„Во Европа, Русија вообичаено смета на Германија како најблизок политички и економски партнер. Со ова посета Медведев го покажува продолжението на курсот на таа надворешна политика. Тоа на Запад му праќа сигнал дека Русија ја продолжува истата надворешна политика како под Путин.“

Медведев најпрво беше во Кина и Казахстан а денешната посета има за цел и да се прати сигнал оти Москва е заинтересирана за градење мостови со Европа и Западот. Германија пак е водечки руски екононмски трговски партнер, а Ангела Меркел прв западен лидер кој го угостува новиот руски претседател. Таа вели дека е задоволна од неговите намери за реформи на рускиот судски систем што треба ад го направи по независен и подготвен за борба против корупцијата. Демократијата, човековите права и слободата на говорот односно загрженоста на Западот се исто така на агендата на Ангела Меркел. Јерг Химерлих е аналитичар на германскиот Маршалов Фонд.

„Генерално е тешко да се влијае врз надворешна и внатрешна политика на сила каква што е Русија. И на Русија и е веројатно преку глава да добива лекции за тоа како да ја води демократијата. Како и да е, од огромна важностѕ е да се демонстрира дека таа политика не е на линија на договорите што Москва ги потпишува со Соединетите Држави и Советот на Европа.“

Разговорите во Берлин се посветени и на прашањата од енергетскиот секотор, пред се цените, потоа климатските промени, како и Блискиот исток, Косово и самитот на Ге – 8 кој ке биде одржан идниот месец.
XS
SM
MD
LG