Достапни линкови

logo-print

Кршко: Нема опасност за населението и животната средина по вчерашниот инцидент во атомската централа


Нема опасност за населението и за животната средина од вчетрашниот инцидент што се случи во словенечката нуклерна централа во Кршко, изјави портпаролот на словенечкото претседателство во Европската Унија во Брисел. Исто така е истакнато дека во моментов нема зголемено ниво на радијација и инцидентот нема да влијае на животната средина. Претходно Европската комисија издаде предупредување за радијација на територијата на државите членки откако Словенија почна со процедура за исклучување на нуклеарната централа поради проблем во системот за ладење.
XS
SM
MD
LG