Достапни линкови

Предизвикот се сели и на домашен терен, проценува екс шефот на дипломатијата Слободан Чашуле


Владата ги демантира информациите дека премиерот Никола Груевски денеска во Њујорк ќе оставари средба со специјалниот претставник на Обединетите Нации, во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц.

Македонската влада нема ниту информации за евентуална посета на Нимиц во Скопје и во Атина наредната недела, а во насока на интензивирање на преговорите за името. Земјава останува отворен и конструктивен партнер во преговорите со Грција, изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски. И од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски засега не ги потврдуваат информациите за посета на Нимиц во Скопје и во Атина или за зедничка средба на преговарачите Димитров и Василакис со медијаторот Нимиц во Њујорк. Некои од експертите очекуваат комплексен период на хармонизирање на внатрешните односи во земјава, пред да се разгледаат можностите за постигнување компромис со јужниот сосед. Новата влада треба да ја дефинира стратешката политика, односно дали сакаме да влеземе во НАТО и да добиеме датум за преговори со Европската Унија, вели политичкиот аналитичар Слободан Чашуле и додава дека покрај интегративните процеси каде што името стои како крупен проблем, тоа добива и домашна димензија.

„Предизвикот на името се преселува и на домашен план, а тоа е што во предизборната кампања, двете политички партии, без разлика на тоа која ќе го добие мандатот, сосема децидно најавуваа дека нема да чекаат да се одолговлекува прашањето со името што го запира нивниот од кон НАТО. Туку, во НАТО ќе одат и без нас, ова нас е македонскиот народ со кого тие во заедница живеат во државата.“

Имајќи го предвид ваквиот развој на настаните, најважна е политичката волја, но и капацитет за решавање на проблемот со името, вели Чашуле. Во зависност од тоа која албанската партија ќе биде дел од владината коалиција, и како ќе се одвиваат работите на политичката сцена, многу потешко ќе биде постигнувањето компромис дома, отколку со Грција, вели Чашуле.

„Излегувањето – влегувањето во парламентот, блокадите, инсистирањето на априлски, мајски пакети повторно ќе ја стави државата во ситуација на блокада на политичкиот систем. Сега допоплнителен елемент на таквите политички нагодби со албанските политички партии ќе биде прашањето за името.“

Грчките медиуми јавуваат дека нивната влада сака продолжување за преговорите. Министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани деновиве изјави дека се чека изборите во земјава да бидат финализирани. Ги чекаме конечните резултати, а потоа ќе ја кажеме нашата позиција, рече Бакојани.
XS
SM
MD
LG