Достапни линкови

Њујорк: Груевски и Ставревки ќе примат награда за спроведените економски реформи


Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески денеска во Њујорк ќе ја примат наградата за спроведените реформи за подобрување на бизнис-климата во Република Македонија, која според извештајот „Doing Business” на Светската банка во 2007/2008 година беше рангирана на високото четврто место меѓу 178 земји во светот. Како што соопшти владата, наградата на Македонија и се доделува за напредокот постигнат во областа на даночните реформи, регистрирањето бизнис, Регулаторната гилотина, реформите во царината и забрзувањето на процедурите за добивање дозволи за градба.
XS
SM
MD
LG