Достапни линкови

logo-print

Скопје: ДИК донесе одлука за повторување на гласањето на некои избирачки места


Државната изборна комисија на синоќешната седница го поништи и донесе решение да се повтори гласањето во 11 избирачки места во изборната единица број два со вкупно 10 илјади и 584 избирачи запишани во избирачкиот список и во 8 избирачки места во изборната единица број шест со седум илјади и 867 избирачи. Исто така донесено е решение да се поништи гласањето во шест избирачки места во изборната единица еден, за кои дополнително ќе се реши дали ќе се повтори гласањето на 15– ти јуни годинава. На овие избирачки места гласањето било прекинато подолго од три часа. До истекот на законски утврдениот рок, до вчера во 19.00 часот, до Државната изборна комисија биле доставени 58 приговори. Од нив 13 се од ДУИ, 28 од ВМРО ДПМНЕ, 15 од ДПА, еден од коалицијата СОНЦЕ и еден од ТМРО. Рокот за нивно разгледување е 48 часа од моментот на доставувањето.
XS
SM
MD
LG