Достапни линкови

Њујорк: Странски бродови може да влегуваат во водите на Сомалија за спречување пиратски напади


Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно усвои резолуција со која им се овозможува на странски бродови да влегуваат во територијалните води на Сомалија заради спречување на пратството и вооружените грабежи. Во последниве неколку месеци, над 10 странски бродови беа киднапирани и ограбени во близина на Сомалијскиот брег. Помош од меѓународната заедница побара претседателот на Сомалија, Абдулахи Јусуф.
XS
SM
MD
LG