Достапни линкови

Прегласување на сите гласачки места каде што гласањето беше прекинато


Државната изборна комисија информира дека во сите гласачки места каде гласањето беше прекинато поради инцидентите и одредени нерегуларности ќе има прегласување. Тоа се случило на околу 30-тина избирачки места, а од изборната комисија исто така потенциират дека ќе ги почекаат и жалбите од партиите кои имаат период од 48 часа по завршувањето на гласањето за нивно поднесување до Комисијата, за да се утврди дали има потреба од прегласување и во други места. Портпаролот на ДИК Зоран Таневски изјавува.

,,На околу 30 гласачки места било прекинато гласањето, а каде ќе има прегласување ќе се знае откако ќе бидат прегледани сите записници од општинските комисии како и по приговорите од сите партии за денот на гласањето.“

Посочува Таневски кој додава дека извесно е дека прегласување ќе има во гласачките места во Арачиново и Чаир каде имено се случија главните инциденти во кои едно лице загина а неколкумина се повредени, како и во дел од тетовско-гостиварскиот регион но и на други места каде исто така беа регистрани нерегуларности. Во мегувреме во МВР велат дека работат на расчистување на сите инциденти што се случија на денот на изборите:

„Во полиција се приведени 28 лица, идентификувани се уште осум лица и по нив се распишани потерници, а се работи и на расчистување на соменијата за учество во одредени инциденти и на поголем број други лица.“

Изјави портпаролот на МВР Иво Котевски додавајќи дека меѓу приведените е и кондовецот Агим Красниќи и уште осумина од неговата група кои беа уапсени на Китка и против кои ќе биде поднесена кривична пријава поради подготвување изборни нерегуларности. Поради серијата инциденти граганската асоцијација МОСТ оцени дека одредени сегменти од изборниот процес се сериозно влошени. Асоцијацијата беше во неможност да ги обработи податоците од изборната еднициа 1 и 6, бидејќи 97 нејзини набљудувачи биле избркани или повлечени:

,,Граѓанската асоцијација МОСТ денот на изборите го оценува како тензичен, со притиосци, со ограничено, но сериозно тешки инциденти.“

Изјави Дарко Алексов од МОСТ.

Според 98, 5 % обработени податоци од страна на ДИК Коалицијата За подобра Македонија освоила 46, 89 отсто, Коалиција ,,Сонце“ 22,7%, ДУИ 10,7 а ДПА 9,89 отсто од гласовите.
XS
SM
MD
LG