Достапни линкови

ДУИ и ДПА меѓусебно се обвинуваат за инцидентите


Во министерството за внатрешни работи велат дека се работи на расчистување на серијата инциденти што го одбележаа вчерашниот изборен ден. Досега се приведени повеќе од 20 лица за нерегуларностите. Поортпаролот на МВР Иво Котевски вели:

„Се работи на обезбедување на сите лица. До сега во полиција се повикани преку 20 лица. За сите за кои ќе се утврди дека има основано сомнение ќе се поднесат кривични пријави. За оние кои не ни се достапни и кои нема да бидат обезбедени. И против нив ќе биде поднесена кривична пријава и ќе се бараат со потрага. Така што секој поединечен инцидент МВР работи на целосно расчистување,“

посочува Котевски.

Во Државната изборна комисија утринава без одговор за вкупниот број инциденти на гласачките места. Резултаатите за нерегуларностите, по бројните пријави што ги добиле од нивните набљудувачи сеуште ги обработува и граѓанската асоцијација МОСТ. Сепак според првичните податоци вчера гласањето беше прекинато на околу 30-тина избирачки места. Освен најголемите инциденти кои што се слуија во Чаир и Арачиново каде едно лице загина, а осумина беа повредени, инциденти се случија и во општините Боговиње, Тетово, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце и Сарај, нерегуларности имало и во Кичево, Прилеп, Струга. Освен за заштита на членовите на домашните избирачки одбори, полицијата интрвенриаше и во обезбедувањето на меѓународните претставници. Имено, МВР интервенирала и во случајот со извлекувањето на францускиот амбасадор Бернард Валеро кој токму во моментот на жестоките инциденти се наоѓаше во Арачиново. Партиите по бројните нерегуларности според законот можат да поднесат приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласање, а понатаму во процесот против одлуката на Изборната Комисија тие можат да се жалат и пред Врховниот суд. На инцидентите кои главно се случија во албанскиот еполитички табор најгласно реагираат од Демократската Унија за интеграција, оттаму веќе најавија дека ќе бараат прегласување во шестата изборна единица и во Сарај. За нив за инцидентите виновна е полициајта:

„Секако дека инцидентите беа режирани од страна на власта. Со самиот факт што парамилитарни групи од ДПА со Алфите беа дел од тие нерегуларности,“

истакнува Рафиз Алити од ДУИ. На ваквите обвинувања ДПА со одговор:

„Се случија многу немири од страна на активистите и криминалните банди на ДУИ,“

вели Адриатик Имери од оваа партија.
XS
SM
MD
LG