Достапни линкови

logo-print

Коалицијата „За подобра Македонија“ објави победа на изборите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објави победа на Коалицијата „За подобра Македонија“ на предвремени парламентарни избори.Тој истакна дека според аналитичките податоци на Изборниот штаб на Коалицијата,од 80 проценти преброени гласови ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата досега имаат добиено 440 илјади гласови наспроти 215 илјади гласови за коалицијата ,,Сонце” .Груевски исто така додаде дека доколку таквиот тренд продолжи, тој очекува дека Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе има над 60 пратеници во Собранието на Република Македонија.

„Веќе ќе може да се каже дека во Македонија преродбата продолжува. Сакам да им честитам на сите граѓани за денешните избори. Во најголем дел од гласачките места во Република Македонија имавме фер и демократски избори. За жал, во еден помал дел имаше одредени инциденти и нерегуларности, за коишто коалицијата ,За подобра Македонија, ќе направи се што е во наша моќ на местата каде што имаше нерегуларноссти да се прегласа,“

изјави Груевски и им испрати честитки на Сонце-Коалицијата за Европа, предводена од СДСМ

„Како и на сите избори и на овие има победници и поразени, но на крајот победува Македонија. Им посакувам соочување со реалноста, стабилизирање и зајакнување и да имаме во наредните четири години посилна опозиција, тоа и нас ќе не прави посилни како власт и ќе ни дава дополнителен мотив да можеме посилно, побрзо, поенергично да ги завршуваме целите поставени пред нас.“

Претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска го призна поразот и им ја честиташе победата на Коалицијата „За подобра Македонија“

„Третата порака којашто сакам вечерва да ја испратам, е се разбира да честитам на коалицијата За подобра Македонија за изборниот резултат. Сметам дека цената којашто ја плати Република Македонија за овие избори е сепак превисока, сметам дека цената што ја плативме, со човечки жртви, со насилство, дека е преголема и се надевам дека и тоа ќе го земе предвид коалицијата на власт, дека ваков тип однесување е недозволиво во Македонија.“

Во албанскиот политички блок пак малку поинаква атмосвера. Мендух Тачи, лидерот на Демократската партија на Албанците изјави дека според нивните податоци тие водат во сите изборни единици:

„Во ИЕ број 1, денеска резултатот е три – еден за ДПА. Мислам дека тие кутии коишто се запалени во некои општини, кога ќе се прегласа, ДПА ќе има резултат 4 спрема 1. ДУИ не ги признава резултатите, на тие места каде што имаше проблеми ќе се прегласува и се надевам дека од утре ќе воспоставиме коректна соработка како позиција и опозиција.“

За Демократската унија за интеграција пак неприфатливи се резултатите во местата каде што имаше насилство.

„Резултатите во шестата изборна единица и општина Сарај се неприфатливи за нас и бараме повторно да се гласа.“

истакна Али Ахмети претседател на ДУИ и додаде дека за случувањата на изборите го информирале и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG