Достапни линкови

Честитки за коалицијата ,,За подобра Македонија” за резултатите, но цената со жртви е превисока


Лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска ги честиташе изборните резултати на коалицијата ,,За подобра Македонија”, признавајќи го поразот на предвремените парламентарни избори. ,,Цената што ја плати Република Македонија, со жртви и пукотници е превисока,” рече Шеќеринска. Честитајќи им на сите граѓани на Република Македонија што го искористија своето право на глас, Шеќеринска исткна дека за 20 дена успеале предноста на ,,За подобра Македонија” да ја намалат од три спрема еден, на два спрема еден и покрај притисоците од власта во многу изборни единици. Таа истакна дека изборните резултати се огромна одговорност за коалицијата ,,За подобра Македонија” и вети дека како опозиција коалицијата ,,Сонце” ќе остане верна на својата цел, влез на Македонија во ЕУ и НАТО и дека без разлика на изборните резултати никој не може да дозволи да зајде македонското сонце. ,,Како лидер на најголемата партија во коалицијата Сонце ја преземам одговорноста за нереализираната победа на изборите на себе,” рече Шеќеринска, додавајќи дека заслугата за одличната кампања на коалицијата е кај сите членови и симпатизери на ,,Сонце”.
XS
SM
MD
LG