Достапни линкови

logo-print

Скопје: ДИК ги објави првичните резултати од 82,63% обработени податоци


Државната изборна комисија вечерва пред полноќ ги објави првичните резултати од 82,63% обработени податоци на предвремените парламентарни избори во Македонија. ,,Од 782,246 гласа најмногу гласови освоила коалицијата ,,За подобра Македонија” 376,636 или 48,1%. Коалицијата ,,Сонце” освоила 178,785 гласа или 22,19%. ДУИ освоила 90,718 гласа или 11,26%, а ДПА има освоени 81,610 гласа или 10,13%,” рече претседателот на ДИК Јован Јосифовски.
XS
SM
MD
LG