Достапни линкови

logo-print

Одиме напред, преродбата продолжува!


Од 80% пребројани гласови, коалицијата ,,За подобра Македонија” освои 440 илјади гласови, наспроти 215 илјади гласови за коалицијата ,,Сонце”, објави вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Тој истакна дека резултатите не се конечни, но според предвидувањата на аналитичкиот центар коалицијата ,,За подобра Македонија” ќе има над 60 пратеници. Груевски изборите ги оцени како фер и демократски во најголем дел од територијата на Македонија. ,,Во северо западниот дел на Македонија се забележани нерегуларноси и ќе направиме се што е во наша моќ на сите места каде што имало нерегуларности да има прегласување и сто насто од пратениците да бидат избрани на фер и демократски начин”. Заблагодарувајќи се на сите граѓани на Република Македонија, Груевски рече дека резултатот е огрона одговорност да се исполнат ветувањата од програмата. Груевски изрази сочувство за жртвите во изборниот процес и изрази надеж дека тие сцени нема да се повторат во прегласувaњето.
XS
SM
MD
LG