Достапни линкови

Коалицијата ,,За подобра Македонија” очекува 63 пратеника


Од 42% обработени избирачки места, коалицијата ,,За подобра Македонија” освои 183,383 гласа, а коалицијата ,,Сонце” 88,512, соопшти портпаролот на иборниот штаб Илија Димовски. Според него, коалицијата ,,За подобра Македонија” очекува 63 пратеника на изборите. Димовски рече дека во изборната единица 1 резултатот е 21,161 спрема 10,885 за коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во споредба со коалицијата на СДСМ, во ИЕ2 26,380 спрема 9,673 за ВМРО ДПМНЕ, во ИЕ3 48,790 спрема 23,594 за ВМРО ДПМНЕ, во ИЕ4 52960 спрема 28,130 за ВМРО ДПМНЕ, во ИЕ5 17,403 спрема 8,160, а во шестката 16,489 спрема 8,070 за ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG