Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ не успеја во својата цел и нема да има 61 пратеник


Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ на прес конференцијата истакна дека ВМРО ДПМНЕ на изборите не успеа да ја оствари својата цел, освојување на 61 пратеник, притоа необјавувајќи резултати од изборите. Тој рече дека излезноста била под 60 насто и дека таа била поисока од изборите во 2006 година до 15 часот. Тој рече дека излезноста по 15 часот била помала поради изборните инциденти, обвинувајќи ја владеачката ВМРО ДПМНЕ за остварување на сценариото за заплашување на неопределените гласачи.
XS
SM
MD
LG