Достапни линкови

logo-print

Едно лице загина, повеќемина се повредени, а над 10 се приведени, информира МВР


Едно лице загина, а две се повредени во пресметка меѓу полицијата и непознати лица во скопско Арачиново. Во Чаир пак, повредени се шест лица, меѓу кои и едно потешко, а МВР соопшти дека го привеле и кондовецот Агим Красниќи, заедно со осумчлена група. Инцидентите, на или во близина на гласачките места, како што соопшти портпаролот Котевски се регистрирани и во тетовско, но со помал интензитет од скопската област.

Едно лице загина, а едно се бори за живот, осум се повредени, додека над десет лица се приведени од страна на Министерството за внатрешни работи поради неколкуте вооружени инциденти во текот на денешното гласање. Најсериозните инциденти се случија во скопското село Арачиново и во училилиштето ,,Даме Груев,, во општина Чаир. 40 годишниот Насер Ајвази им подлегна на повредите при инцидентот во Арачиново, а ранети се уште две други лица. До инцидентот дошло кога шест вооружени лица предизвикале нереди на гласачкото место поради тоа што еден гласач бил спречен во обидот да изврши семејно гласање. По овој инцидент биле повикани дополнителни полициски сили кои биле нападнати од вооружената група:

,,Мобилните тимови биле пресретнати од поголема вооружена група кои што од четири возила отвориле оган врз полициските тимови. Од страна на полицијата било возвратено на огнот при што биле повредени неколку лица. Откако било возратено на огнот лицата се разбегале од возилата, така што набргу потоа започнала потрага по нив и во една од блиските куќи било пронајдено лицето, кое подоцна за жал им подлегнало на повредите.“

Изјави портпаролот на МВР Иво Котевски. Вториот посериозен инцидент се случил утринава околу девет часот во основното училиште Даме Груев во Чаир. Во престрелката како што информира МВР едно лице е потешко рането, а со повредни се здобиле уште неколку други:

,,Покрај ова лице кое што е тешко повредено, во индицентот настрадаа уште пет лица кои што се нашле во дворот на училиштето за да гласаат. Веднаш откако е пријавен инцидентот, екипи на полицијата излегоа на терен за да извршат увид, но за жал и при интервенцијата на припадниците на полицијата тие беа нападнати од страна на вооружена група.“

Истакнува Котевски. Вооружени инциденти, физички пресметки, групно гласање имаше и во Тетовско. Посериозни индиценти се регистирани и во кумановскиот регион. МВР потврди дека го привела и кондовецот Агим Красниќи поради како што информираат расчистување на одредени сомненија за сторени кривични дела.
XS
SM
MD
LG