Достапни линкови

Оружени пресметки, експлозија, ранети лица, прекинато гласање на некои избирачки места


Прите предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија претпладнето минаа со оружени пресметки, експлозија, ранети лица, прекинати гласања на некои избирачки места. Според првичните информации ранети имало во Арачиново и Скопје. ДИК потврди дека гласањето било прекинато во Желино, Арачиново, Малино, Брвеница, Врапчиште, Дебар.

Пукотници неправилности, нерегуларности прекинато гласање. Ова е сликата за првите неколку часа од гласањето на шестите по ред, први вонредни парламентарни избори, информираат од Државната изборна комисија.

,,Во општина Желино во две гласачки места 2108 и 2195, во село Малино Чучер Сандево воопшто не е почнато гласањето затоа што во текот на ноќта биле украдени гласачката кутија и изборниот материјал. Во општина Арачиново на осумте гласачки места гласањето е прекинато од безбедносни причини. Општина Брвеница во село Гургурница гласањето е прекинато од безбедносни причини. Општина Врапчиште на гласачкото место 451, село Ѓурџевиште е прекинато гласањето затоа што имало полнење кутии и од истата причина во две гласачки места во Дебар,"

вели Зоран Таневски портпарол на ДИК и додава дека постојат информации за пукања во скопската населба чаир,но сеуште немало потврда за евентуални повредени лица

,,Непотврдени информации има и за на други места, но доека не дојде извештај од Општинската изборна комисија не можам да ви дадам потврда."

за одзивот на гласачите до 10 часот,Таневски изјави

,,Добиени се податоци од 2193 гласачки места или од 73,69 насто на кои се запишани 1 милион 320 илјади гласачи и до 10 часот на нив гласале 151 илјада избирачи или 11,44 насто."

Од обработените податоци најголем е одзивот во боговиње околу 19 проценти и во Сарај околу 20, додека најмал е во општина Центар Жупа околу 3 проценти

Инаку изборите се спроведуваат според пропорционалниот модел во шест изборби единици,а во секоја од нив треба да бидат избрани по 20 пратеници. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот за милион седумстотини седумдесет и девет илјади сто шеснаесет избирачи или за триесет и седум илјади шестотини и шеесет повеке во однос на 2006 година кои имаат право да го дадат својот глас за 18 листи со 1540 кандидати за 120 пратенички места во Парламентот.Овие избори ги надгледуваат околу 6000 домашни и странски набљудувачи и тоа 464 странски и 5811 домашни монитори. Од домашните набљудувачи, најголем број акредитирала МОСТ околу 4000 додека од странските ОБСЕ со 317 монитори. За следење на изборите акредитирани се и странски новинари, најмногу од Грција 18, од Бугарија 7, од САД 6 по двајца од Белгија, Франција и Словенија и по еден од Хрватска, Унгарија и Кина

Овие избори се шести по ред а се први предвремени кои се одржуваат во земјева. Инаку вчера гласаа 1929 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор како и 542 внатрешно раселени лица.
XS
SM
MD
LG