Достапни линкови

Со вакви избори го отежнуваме и ризикуваме нашиот пат кон НАТО и ЕУ, порача претседателот


Со изборни нерегуларности и инциденти го отежнуваме и ризикуваме патот на Македонија кон НАТО и Европската Унија, предупреди денеска претседателот на државата Бранко Црвенковски во обраќањето до јавноста пред изборите во недела. Сите партии не уверуваа во нивната посветеност на евро-атланските интеграции, но да не заборавме дека првиот чекор што на тој пат треба да го совладаме е спроведувањето на регуларни избори, порача Црвенковски:

„За жал во овој период бевме сведоци на низа инциденти на насилство и прекршувања на законите кои го загрозуваат демократскиот карактер на изборниот процес и имаат негативно влијание на меѓународниот углед и позиции на нашата земја. Треба да бидеме свесни дека со вакви избори и покрај декларативните заложби, го отежнуваме и ризикуваме нашиот пат кон НАТО и ЕУ.“

Македонија има шанса да ја поправи оваа слика рече претседателот на државата, само доколку в недела имаме беспрекорен изборен ден, доколку владее мирна и демократска атмосфера, доколку на секој наш граѓанин му овозможиме слободно без притисоци и закани да ја искаже својата определба:

„Ја користам оваа последна прилика предк почетокот на предизборниот молк уште еднаш да го упатам мојот апел, уште еднаш јавно да ги повикам лидерите и раководствата на политичките партии, челните луѓе на државните институции задолжени за спроведување на изборите, а пред се Министерството за внатрешни работи да бидат на висна на одговорноста што им припаѓа.“


Рече Црвенковски. Но, во меѓувреме финишот на предизборната кампњата пред вечерашниот молк продолжуваат да го одбележуваат инциденти. Имено синоќа во Тетово каде беше одржан митинг на ДУИ се случиле повеќе инциденти, а извесно време бил блокиран и излезот на градот. МВР ифнормира за позначајните:

,,Настана физичка пресметка меѓу припадници на ДУИ и според пријавеното припадници на ДПА. Во вториот настан како што е пријавено, од страна на поголема група на лица кои што носеле обележја на ДУИ, нападнато е едно 18 годишно момче. Веднаш по митингот од слобода е лишено едно лице со кое е разговарано, по што тој го посочил директно со име и презиме напаѓачот, по што е пуштено на слобода.“

Вели портпаролот на МВР Иво Котевски. Освен овие настани во синоќепшната акција во Тетово, полицијата уапсила три лица за кои велат дека биле активисти на ДУИ кои извршиле кражба во автобус. Регистирано е и пукање за време на говорот на Али Ахмети, а насобрана маса за време на блокадата на градот задржала полициски командир од кого барале ослободување на уапсените. Во полицијата информираат дека се работи на разрешување на случаите.
XS
SM
MD
LG