Достапни линкови

САД ја имаат признато Македонија под уставното име и не треба да изненадува што така и се обраќаме


Не е важно какво парче хартија стои пред некоја делагација, важно е тоа што Соединетите Држави ја имаат признато Македонија под уставното име и затоа не треба да преставува изненадување што и така и се обраќаме. Ова го изјави заменик портпаролот на Стејт Департментот во врска со тоа што делегациите на Грција и на Кипар ја напуштија конференцијата за неширење на оружјето што се одржа во Соединетите Држави.

,,Грција имаше извесни забелешки за местото на македонската делегација по што заедно со претставниците на Кипар го напушти состанокот, објасни заменик портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси на редовната прес конференција за тоа зошто делегациите на Грција и на Кипар ја напуштиле Конференцијата за неширење на оружјето чиј домаќин беа Соединетите Држави. ,,Какво парче хартија било пред некоја делегација и во кое време не знам и всушност мислам дека тоа не е од посебна важност во случајот, реќе Кејси, додавајќи:

„Важни се две работи. Најпрвин, тоа е долготрајната политика на Соединетите Држави, што беше искажана од тогашниот државен секретар Пауел, да се признае Република Македонија со нејзиното уставно име. Затоа не мислам дека претставува некакво изненадување за никој, вклучувајќи ги и нашите пријатели во Грција и во Кипар, дека тоа е името под кое американската влада ја признава Македонија и оти со тоа и се обраќаат на сите средби и активности организирани од американската влада.“

Изјави Кејси, повторувајќи дека Соединетите Држави
сфаќаат оти постои значајно несогласување меѓу Грција и Македонија околу прашањето за името, но оти во основа американската политика за ова прашање е доследно. Притоа, како што додаде, Вашингтон силно ги поддржуваше двете страни пред, за време и по самитот на НАТО да работат со амбасадорот Нимиц во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за тоа прашање. Одговорајќи дека не знае дали и кој од персоналот на конференцијата првин го ставил името ФИРОМ, а потоа го заменил со Република Македонија,
Кесји повтори:

„Искрено тоа не е и ни важно за пошироката американска политика.“

изјави заменик портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси откако делегациите на Грција и на Кипар заминале од состанокот за неширење на оружјето во светот, откако Македонија била идентификувана како Република Македонија, име кое признато од Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG