Достапни линкови

Партиите задоволни од претставувањето пред граѓаните и очекуваат позитивни резултати


Кампањата за предвремените парламентарни избори завршува денеска.Од поголемите политички партии кои учествуваат на овие избори велат дека се задоволни од текот на кампањата и во недела сите очекуваат позитивни резултати.Од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната коалиција на граѓаните им понудила отчет за она што го работеле,како и конкретни проекти за она што ке го работат во иднина со јасни рокови и рамки.

„Од СДСМ не видовме некаква алтернатива, проект, политичка понуда или кадровско програмска платформа, туку само обвинувања и празни ветувања. Така што се надеваме дека граѓаните ќе го увидат тоа и во недела се надеваме на победа со 61 пратеник.“

вели Владимир Ѓорчев од владеачката ВМРО
Задоволсвото од митинзите го искажуваат и од Сонце.Коалиција за Европа предводена од СДСМ. Портпаролот на партијата Емилијан Станковиќ вели дека се задоволни од одзивот на граѓаните на митинзите, а особено за покажаниот интерес за програмата која ја понудила ова коалиција

„Влеговме во кампањата со многу оптимизам, за кој од оваа гледна точка можеме да кажеме дека бил реален. Тропнавме на многу врати, влеговме во скоро сите населени места и затоа на први јуни се надеваме дека заедно со граѓаните ќе ја вратиме Македонија таму каде што беше пред 5 јули 2006 година, на вистинскиот колосек на вистинскиот пат – патот на ЕУ и НАТО интеграциите.“

Во ист тон се и реакциите на албанскиот политички блок.Феџри Сељами портпарол на Демократската партија на Албанците истакнува дека нивната политичка платформа била добро прифатена од страна на електоратот.Но и покрај добро поминтите минтинзи од партијата со забелешка.

,,Жал ни е што и во оваа изборна кампања, ДУИ немаше своја политичка платформа со која можеше да излезе пред народот, туку само со неосновани обвинувања и етикетирања.“

Иако ние настојувавме да имаме мирна кампања,сепак се остварија најавите на ДПА дека предвремените избори ке бидат касапана, велат од штабот на Демократската унија на албанците. Но сепак и од таму се надеваат дека изборите во недела ќе поминат во фер и демократска атмосфера.

,,Се обидовме да се натпреваруваме со програми, контретни работи што се однесува до реформите во политичкиот систем и се надевам дека ова е последна кампања, не само кај албанците туку и кај македонците во која ќе имаме негативно натпреварување.“

вели Агрон Буџаку од ДУИ.
XS
SM
MD
LG