Достапни линкови

Претседателот Црвенковски со апел за фер и регуларен изборен амбиент во недела


На последните часови од изборните активности пред вечершаниот молк атомсферата се вжештува и уште неколку инциденти се вбројуваат во изборната кампања. Имено синоќа за време на митингот на Демократската Унија за интеграција во Тетово, се случиле повеќе инциденти, а извесно време бил блокиран и излезот на градот. Меѓу позначајните како што информираат од МВР, за време на обраќањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети се слушнале повеќе истрели од огнено оружје, регистирани биле и повеќе физички пресметки меѓу активисти на ДУИ и ДПА, а во селото Боговиње било претепено и едно момче од македонска националност:

,,Настана физичка пресметка меѓу припадници на ДУИ и според пријавеното припадници на ДПА. Во вториот настан како што е пријавено, од страна на поголема група на лица кои што носеле обележја на ДУИ, нападнато е едно 18 годишно момче. Веднаш по митингот од слобода е лишено едно лице со кое е разговарано, по што тој го посочил директно со име и презиме напаѓачот, по што е пуштено на слобода.“

Вели портпаролот на МВР Иво Котески. Во ДУИ тврдат дека седум нивни симпатизени биле уапсени поради синоќешните инциденит, што беше главна причина за неколкучасовното блокирање на Тетово. Во полицијата пак информираат дека биле уапсени само четири лица. Освен приведениот за претепувањето на момчето од селото Боговиње, кој кусо по испрашувањето бил пуштен на слобода, полицијата регистирала и кражба во автобус, која како што велат ја извршиле активисти на ДУИ по што се приведени три лица.

„Веднаш по митингот членови на ДУИ извршиле кражба, одземени им се парите и ќе им биде пишана пријава.“

Информира Котевски кој додава дека на разрешувањето на останатите инциденти и пронаоѓањето на сторителите полицијата сеуште работи.
Во останатата изборна атмосфера во земјава пред молкот кој што почнува вечерва на полноќ, партиите се подготвуваат за завршните митинзи. А пред гласањето во недела, денеска претседателот Бранко Црвенковски со порака до јавноста за спроведување на фер и регуларен изборен амбиент и почитување на вољата на граѓаните. Претседателот ова ќе го потенцира како важна компонента за имиџот на државата како аспирант за членство во НАТО и ЕУ, информираат од неговиот Кабинет.
XS
SM
MD
LG