Достапни линкови

logo-print

Даблин: Постигнат нацрт договор за забрана на производство и употреба на касетни бомби


Делегати од сто единаесет земји на конференцијата што се одржува во Даблин се согласија околу нацрт договорот за забрана на производството и на употребата на касетни бомби. Сепак, на овие преговори не учествуваа претставници на Соединетите Држави, Русија, Кина, Индија, Пакистан и Израел, земји кои се најголеми произведувачи на касетните бомби. Договорот официјално треба да биде прифатен утре, а потпишан до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG