Достапни линкови

logo-print

Изборите „под око“ на 6,500 домашни и странски набљудувачи


Вкупно 6500 претставници на домашни и странски невладини и меѓународни организации ќе го набљудуваат текот на парламентарните избори в недела.

„ДИК ги разгледа барањата и издаде акредитации за околу шест илјади домашни и 500 странски набљудувачи. Најмногу од странските организации има од ОБСЕ/ОДИХР, а од домашните од граѓанската асоцијација „Мост“ околу четири илјади,“

информира портпаролот на ДИК Зоран Таневски. ОДИХР ќе ги набљудува изборите со вкупно набљудувачи.

„Ова вклучува околу 30 долгорочни набљудувачи кои се во земјата веќе неколку недели за да ја набљудуваат севкупната рамка на изборите, законската рамка, состојбата со медиумите, амбиентот во кој се одвива кампањата , како и работата на изборната администрација. Во наредните неколку дена долгорочните набљудувачи ќе бидат придружени од околу 200 краткорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ земјата за да го набљудуваат изборниот процес, гласањето, пребројувањето“

вели портпаролот на ОДИХР Јенсхатен Ешенбахер Своите оценки од набљудувањето ОДИХР ќе ги објави најпрвин во прелиминарниот извештај кој ќе биде објавен еден ден по изборите а потоа и во конечниот извештај. Од своите согледувања за текот на изборната кампања и за начинот на кој известувале медиумите за изборите ОДИХР веќе го објави таканаречениот внатрешен извештај.

Најголем број од домашните набљудувачи или 3500 акредитирала невладината организација МОСТ . Тие ќе покријат 70 % од избирачките места. Еден дел од набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, ќе имаат и мобилни тимови кои ќе им бидат логистика. и т.н ротирачки набљудувачи кои ќе бидат префрлувани од општина во општина. МОСТ ќе го следи предвременото гласање в сабота, гласањето в недела, и тоа отварањето на избирачкото место, процедурата на гласање, затварањето на избирачкото мести сумирањето и броењето на гласовите, потпишувањето на записникот и воопшто работата на избирачките комисии и одбори.

„Во текот на денот ќе ги нотираме сите нерегуларносдти кои излегуваат од законската рамка. Уште во текот на денот ја известуваме јавноста за евентуалните нерегуларности коишто сме ги забележале, коишто во исто време се аргументирани,“

вели претседателот на МОСТ Дарко Алексов.
XS
SM
MD
LG