Достапни линкови

Вистинско време за остварување на идејата, оценува Вашингтон Пост


Американскиот претседателски кандидат, републиканецот Џон Мекејн деновиве излезе со идеја за формирање Лига на демократии која поефикасно би се справувала со глобалните кризи од сегашните Обединетите нации. Идејата не е нова, но, како што се наведува во текстот на Вашингтон Пост можеби сега е вистинско време таа и да биде остварена.

Лига на демократии е една од визиите на Џон Меккејн, републиканскиот кандидат на следните американски претседателски избори. Станува збор за организација која, како што ветува, ќе ја формира за време на првата година како претседател со цел поадекватно да се одговори на глобалните хуманитарни кризи и можеби да го замени Советот за безбедност на Обединетите нации кој е парализиран од владите на Русија и Кина. Критичарите, како што се навеува во написот објавен во Вашингтон пост, велат дека ваквиот предлог докажува оти и Џон Мекејн, како и Џорџ Буш, им робува на радикалните сили кои најмногу ја заговараа војната во Ирак. Но, тие грешат. Всушност, Лигата на демократии не е нова, туку многу стара идеја. Во минатата деценија таа највеќе беше промовирана од Демократите, вклучувајќи и неколкумина најблиски советници за надворешна политика на Барак Обама. А во последните вакви драматични настани како во светот Лигата во која во почетокот би имала шеесетина земји, вклучувајќи ги скоро сите најразвиени, не изгледа како утопија, туку како единствено средство кое му е потребно на американскиот претседател. Зошто? Едно е јасно, пишува весникот: Кризите во Иран, Северна Кореа, Ирак, и Дарфур, потребата од поефикасни мировни операции, растечките температури, природните катастрофи ја покажуваат не само ограниченоста на американската моќ, туку и неспособноста на меѓународните институции создадени во средината на минатиот да се справат со проблемите на Дваесет и првиот век. Со други зборови, пост Џорџ Бушовите Соединетите Држави ќе немаат капацитет или легитимност унилатерлано да десјтвуваат во одредени глобални кризи. Да се работи преку Обединетите нации, како што се обиде Буш во изминативе неколку години често, поради отпорот од некои земји, е рецепт за парализа. Неколку најнови примери колку за илустрација: Кина, помогната од Русија, го стопира Советот за безбедност да дискутира за меѓународната хуманитарна интервенција во Бурма. Силните санкции против Иран поради тоа што одбива да ја стопира својата нуклерана програма се блокирани од Русија. Обидот да се интервенира во Дарфур пропадна, посебно поради кинеско, руското одбивање да одобрат поцврсти мерки против владата на Судан. Дали Обама или Мекејн, идниот претседател ќе ја преземе функцијата со сознанието дека го наследува хоасот во Дарфур, Бурма и Иран. Доколку не ќе може да им одговори, тој, како и Буш, ќе биде принуден да гледа илјадници луѓе како умираат поради немоќта на меѓународната заедница. Затоа Мекејн ја отвори расправата за Лигата на демократии, нешто што треба поотворено да го следат и демократите, се наведува во текстот објавен во Вашингтон Пост.
Српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ изјави дека локалните општини на Косово ќе бидат формирани согласно законот за локална самоуправа, односно за петнаесет дена по објавувањето на конечните резулати од изборите. Заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи повтори дека властите во Приштина, заедно со УНМИК, веќе донесле одлука да не се признаваат институциите што би биле формирани како резултат на српските избори.
XS
SM
MD
LG