Достапни линкови

Високите цени на нафтените деривати не влијаат граѓаните да возат помалку


Иако од денеска бензините се продаваат за 2 денари повеќе, а дизелот за 3,5 денари
во градот се забележува вообичаената сообраќајна гужва. Граѓаните кои ги прашавме велат дека на работа дошле со автомобил. Признаваат дека во просек трошат 3000 денари месечно за бензин, но исто така велат дека најновите поскапшувања на нафтените деривати нема да ги натераат да ги остават автомобилите дома.

„Одам на работа, јас, сопругата. Секој ден го користам. Рационално, без потреба не возам, трошам околу 2 илјади денари месечно.“
„Помалку нема да се вози.“
„Не е голема разлика, не е големо поскапување.“


Дали во овој период е поисплатливо да се користи автобусот наместо сопственото возило? Граѓаните велат дека се зависи од тоа колку луѓе се возат во автомобилот. Сепак, признааваат дека градските автобуси не би ги одбрале како превозно средство.

„Ако одат повеќе луѓе се исплати, ако не, не се исплати“
„Автобусите во моментов не се да речам така комотни, климатизирани итн.“


Иако повеќето велат дека се зависни од автомобилите, сретнавме и граѓани кои велат дека зголемента цена на горивата ги натерала да одат пеш или барем поретко да ги користат своите возила.

„Ништо, пешки одам.“
„Возам службена кола. Велат помалку да трошиме.“
„Имаме кола, можеби два пати во неделата ја користиме, ако треба на подолга релација.“


Но, не ретко автомобилите се користат и непотребно. Еден од нашите соговорници вели дека е феномен тоа што во земја која има низок животен стандард сите возат автомобили.

„Тоа е некоја наша маана, мора да се возат.“

Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати во просек за 5, 4, односно 4,5 насто. Во меѓувреме пак, цената на биодизелот се намали за еден денар и сега се продава по иста цена како и евродизелот.
XS
SM
MD
LG