Достапни линкови

Власта со ваквите обвинувања си создава алиби за инцидентите во пресрет на изборите, велат во СДСМ


Министерството за внатреши работи нема информации за сценарио подготвено од СДСМ за изборни инциденти како што вчера на прес конференција обвини ВМРО ДПМНЕ. Иако до МВР засега нема доставено пријава со конкретни сознанија од страна на владеачката партија, сепак оттаму претпоставуваат дека се можни инциденти во пресрет на изборите:

,,МВР не навлегувало и нема да навлегува во коментари на прес конференции на политички партии, особено кога не е директно прозвано. Што се однесува до сознанијата околу предизборни инциденти не е тешко да се претпостави дека е можно да се случи такво нешто со оглед на искуството од претходните изборни циклуси и нередите предизвикани пред се од оние кои што се незадоволни од изборните резултати.“

Вели портпаролот на МВР Иво Котевски. Во СДСМ велат оти очекувале дека во Министерството за внатрешни работи немаат конкретни пријави за изборни нерегуларности подготвени од нив, бидејќи како што посочуваат такво нешто и не постои. Во партија сепак велат дека нема да поднесат тужба против портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски кој имено ги искажа обвинувањата и со тоа да ја продолжат играта почната од власта. Ваквите пласирани информации во СДСМ ги толкуваат само како алиби на власта која ја пропушти шансата за спроведување на мирна предизбона атмосфера:

„Такво сценарио непостои и дефинитивно тоа е веројатно фикција која ја има во главата на водечките луѓе на ВМРО ДПМНЕ, ако евентуално се остварат сценаријата дека денот на изборите 1 јуни нема да поминат во фер и демократска атмосфера.“

Истакнува Владо Бучковски од СДСМ. Во меѓувреме Македонија постојано добива забелешки и предупредувања од меѓународната заедница дека инцидентите ја загрозуваат евроатланстката перспектива на земјава. Предизборната атмосфера со бројни насилства најжестоко изминува во албанскиот политички табор. Во ДПА без коментар за тоа што преземаат за смирување на изборните инциденти, додека во ДУИ посочуваат дека притисокот од меѓународниот фактор треба да биде насочен кон политичките опоненти:

„Досега не се случило ниту еден штаб на ДПА или на некоја друга партија да биде нападнат, така што мислам дека предупредувањата треба да бидат адресерани кон тие што ги организираат изборите.“

Изјавува Рафиз Алити од ДУИ.
XS
SM
MD
LG