Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Американскиот Сенат усвои резолуција за членство во НАТО на Албанија и Хрватска


Американскиот Сенат, едногласно усвои резолуција со која се подржува забрзување на процесот за ратификација на поканата за членството во НАТО на Хрватска и Албанија, во парламентите на земјите членки на Алијансата, јавуваат агенциите. Во резолуцијата се наведува дека протоколот за пристапување на двете земји во НАТО треба да бидат потпишани до крајот на јули, а процесот на ратификација да биде довршен без одложување. На самитот на Алијансата во Букурешт Македонија не доби покана за членство во НАТО, поради спорот со името со Грција.
XS
SM
MD
LG