Достапни линкови

Брисел: ЕУ усвои документ со одредени критики за Турција


На денешната седница на советот за партнерство Турција- Европска Унија треба да биде претставен документот кој вчера беше усвоен од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел. Во документот што ќе му биде доставен на турскиот министер за надворешни работи Али Бабаџан, се изразува жалење за забавувањето на политичките реформи во Турција. Во него исто така Европската Унија упатува апел за побрза имплементација на европските законодавни норми во судскиот систем на Турција, а во текстот позитивно се оценети одредени мерки во економијата.
XS
SM
MD
LG