Достапни линкови

Обама и Хилтон би разговарале со Кастро без предуслови, Мек Кејн против директни разговори


Американскиот претседател Џорџ Буш објави дека на американските граѓани наскоро ке им биде дозволено да испраќаат мобилни телефони во Куба. Буш се надева дека тоа не само што ке ја подобри комуникацијата мегу Кубанците туку ке им донесе и поголема слобода на изразот. Имено во реформите на новиот кубански Претседател Раул Кастро е предвидено кои материјални добра ќе можат Кубанците да ги поседуваат.

Братот на болниот Фидел, наследникот на Претседателската функција на комунистичка Куба, Раул Кастро веднаш по стапување на функцијата објави дека кубанците ќе можат да поседуваат во 2010 година некои материјални добра мобилни телефони, ДВД плеери, компјутери а меѓу другото и тостери. Американскиот Претседател овие реформи ги нарече сурови, бидејки Раул и Фидел Кастро толку ја уништија кубанската економија што ретко кој граѓанин може да си дозволи да поседува такви работи. Затоа, вели Буш, на американците ќе им биде дозволено да им ги обезбедат на кубанците овие работи. Буш се надева дека телефоните, интернетот ке овозможат слобода на говорот меѓу кубанците. Но, вели Буш, треба да се биде внимателен па да се види колку навистима ке имаат значење реформите на Раул Кастро.

„Ако кубанската влада ги следи последните јавни намери, со отворање на пристапот за информации, економски реформи, политички слободи и човекови права тогаш ке можеме да речеме дека тоа е почеток на промените. Меѓутоа искуството ни вели дека режимот нема такви намери.“

Куба годинава е тема и на претседателската кампања. Двајцата демократски кандидати за претседателска номинација Барак Обама и Хилари Клинтон ја критикуваа Бушовата политика на одбегнување на контакти со режимите на Куба, Иран и Сирија поради нивните досиеа за тероризмот и човековите права. Тие забележаа дека Вашингтон константно беше во контакт со Москва и кога Советскиот Сојуз сакаше да ги уништи Соединетите Држави во Студената Војна. Барак Обама кој најверојатно ке ја добие летоска канидатурата за Претседател на Демократите вели.

„Јас би се сретнал без предуслови со Раул Кастро, иако како што вели и сенаторката Клинтон со подготвен план за човековите права, за ослободување на политичките затвореници. Сметам дека за Соединетите Држави е важно да разговара не само со пријателите, туку и со непријателите. Всушност дипломатијата ги прави најголемите разлики.“

Неговиот најверојатен против кандидат републиканецот Џон МекКејн пак, зборувајки во Мајами каде има многу кубански бегалци рече.

„Тој, сака да разговара без предусови на претседателско ниво со Раул Кастро. Тоа би бил најлош сигнал за диктаторите, дека нема потреба да прават реформи, туку ќе чекаат промени во Соединетите Држави. Тоа ги мислат демократите.“

Куба е значајно прашање за Флорида. Флорида беше значајна за победата на Џорџ Буш во две илјадитата година. Колку ке биде важна и во есенската претседателска трка останува да се види.
XS
SM
MD
LG