Достапни линкови

Брисел: Шефовите на дипломатиите на ЕУ расправаат за Западен Балкан


Шефовите на дипломатиите на земјите на Европската унија денеска расправаат за Западен Балкан, пред се за ситуацијата во Србија. Се очекува тие да му дадат поддршка формирањето на влада која би овозможила забрзано приклучување на Србија во Унијата. Министрите ќе разговараат и за состојбата на Косово, посебно по тешкотиите што настанаа во врска со распоредувањето на ЕУЛЕКС мисијата.
XS
SM
MD
LG