Достапни линкови

Лесно постигнување договори и најави за кривични пријави на една недела пред избори


Лесно постигнување договори, вжештување на реториката односно најави за кривични пријави против опозицијата и релативно примирје меѓу партиите од албанскиот политички блок, овие настани ги одбележуваат првите денови од последната, завршна недела од изборната кампања пред неделното гласање. На една и пол година штрајк од страна на стечајците и две години упорно одбивање од страна на Владата, вчера двете страни конечно постигнаа договор. На што се должи предомислувањето од страна на Владата која изминатите години им ги нудеше на стечајците наместо месечен надомест, активните владини мерки за вработување:

„Не дека владата не прифаќаше решавање на статусот на стечјаците, она што владата се трудеше да направи е да се направи одржливо решение, а не решение кое ќе ,,падне на првата кривина“.

Сакате да кажете дека ова не е поврзано со изборите?

„На овој проблем се работеше откако дојде на власт коалицијата и имаше реална работа.“


истакнува владиниот портпарол Ивица Боцевски. Во НСДП, партијата која со сличен пакет се залагаше за решавање на проблемот со стечајците преку предлог закон, зачуденост од овој чекорот на власта на една недела пред изборите:

„Јас би рекол дека ова е врвот на лицемерие во македонската политика. Јавноста добро знае бидејќи пред два месеци тој закон понуден од НСДП беше на дневен ред во Собранието, и тогаш мнозинството во Парламентот ВМРО ДПМНЕ на чинот на гласање ја напушти салата и несакаше да гласа за тој закон со образложение дека Груевски на тие луѓе ништо не им ветил.“

Вели Иван Анастасовски од НСДП. Последната недела од изборната кампања кај македонскиот блок партии кулминира и со најавата на МВР за поднесување кривична пријава за клевета за лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска поради нејзината изјава дека полицијаци неодамна физички нападнале новинар на Македонската телевизија. Има ли елементи за кривична пријава, правниците со толкување:

„Се што може да наштети на угледот и честа на некој субјект се изложува себе си на ризик да биде предмет на приватна тужба, меѓутоа не и на кривична пријава.“

Објаснува адвокатот Александар Тортевски. Наспроти кај македонскиот кај албанскиот политички фактор пак, изминатата недела освен некои помали инциденти, се чини релативно примирје. Се концентираа ли конечно на електоратот наспроти на нападите.

„Тоа прашање треба да имго поставите на другите, бидејќи секогаш тие инциденти и напади се провоцирани и направени од другата партија.“

„Ние не сме дел од таквата клима во изборната кампања и ќе продолжиме така се додека дејствуваме како политичка партија.“


изјавуваат Агрон Буџаку од ДУИ и Феџри Селами од ДПА.
XS
SM
MD
LG