Достапни линкови

logo-print

Апсењата во текот на политичката кампања добиваат политичка конотација, согласни експертите


Нема дилема дека секој што направил некаква злоупотреба треба и да одогвара за тоа но апсењата во текот на предизборната кампања добиваа по малку политика конотација и можат да се гледаат во контекст на потребата да се засили пропагандата, сметаат експертите. Ако се земат предвид апсењата на екс директорот на ЕСМ Панде Лазаров како и претходно приведувањето на директорот на велешката фабрика Киро Ќучук, Киро Камчев ќе се види дека не станува збор за рутински дела туку за големи случаи околу кои е потребна подолготрајна работа и анализи, вели Вања Михајлова, поранешен член на антикорупциската комисија.

„Дали е сега период? Дали тоа не се користи за сопствена промоција и прикажување дека декларативно се води борба против корупцијата?“

„Секако е сомнително, од сето она што може да се обезбеди како докази, ништо не се обезбедило во последните денови или нема ништо итно во постапката што не може да чека две недели. И со тоа се манифестира некаква квази борба против криминалот, за да се покаже некаква борба, што оди во спротивна насока,“


доплнува слично на Михајлова и претседатлката на невладината организација Транспарентност – нулта корупција, Слаѓана Тасева. Изборите не смеат да бидат параван зад кој би секриел криминалот, вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.

„Борбата против организираниот криминал и корупција не е нешто што треба да се води кампањски и да запира кога има предизборен период. Во оној момент кога полицијата ќе поседува соодветни докази за некого којшто ќе може да ја потрепи кривичната пријава пред судот, таа ќе биде процесуирана.“

Претседатлакта на Транспарентност-нулта корупција, Слаѓана Тасева сепак смета смета дека и во принцип апсењата пред камера се спротивни на Уставот и на законите.

„Таков тип на апсења не се добри. Автоматски претставуваат кршење на презумпцијата на невиност. Не е тоа начин ние да се бориме против било каков криминал или корупција. Мораме да внимаваме на човековите права. Тоа е спротивно и на Уставот и на законите, а некој постојано се повикува и на Уставот и на законите во државата,“

вели Тасева.
XS
SM
MD
LG