Достапни линкови

Њујорк: Советот за безбедност на ОН го поддржа договорот меѓу либанските ривалски групи


Советот за безбедност на Обединетите нации силно го поддржа договорот меѓу либанските ривалски групи за запирање на осумнаесет месечната политичка криза во таа земја. Во необврзувачката резолуција се бара спроведување на сите делови од договорот меѓу либанската влада која е поддржана од Западот и опозициониот Хизболах кој ја има поддршката од Сирија и Иран. На овој договор се гледа како на важен чекор за спречување на можна нова граѓанска војна во Либан.
XS
SM
MD
LG