Достапни линкови

Пекинг: Официјалната бројка загинати во земјотресот во Кина над 55 илјади


Официјалната бројка на загинатите во земјотресот што во минатата недела ја погоди Кина се покачи на над пеесет и пет илјади. Вицегувернерот на провинцијата Сечуан Ли Ченгиун денеска прецизира дека се уште околу дваесет и пет илјади лица се водат како исчезнати и оти над двесте и осумдесет илјади се повредени. Тој додаде дека главна цел на владата е погодените подрачја да бидат целосно обновени за три години.
XS
SM
MD
LG