Достапни линкови

logo-print

Албанскиот електорат не е во состојба да прими економски пораки, оценуваат аналитичарите


Македонската изборна сцена со сосема различна содржина која политичарите ја упатуваат до електоратот во обид да го придојбијат нивниот глас на денот на изборите. додека во македонскиот блок политички партии доминира економијата, таа во обраќањата на лидерите на партиите од албанскиот блок многу малку е застапена. Политиката, односно подобрувањето на статусот на албанската заедница во државата, исполнувањето на т.н. барања меѓу кои оние за донесување на закон за јазиците, за знамињата, правична застапеност во државните институции, регулирање на статусот на поранешните борци од ОНА се главните теми со кои албанските политичари се обраќаат пред електоратот. Тоа се прашања кои мора да се решат, за потоа да се посветиме на економијата велат во ДУИ

„Што побрзо да се решат проблемите, толку побрзо би рекол и албанските граѓани и албанските партии ќе треба да се соочат со економска програма пред својот електорат,“

вели Рафиз Алити од оваа партија. И во ПДП коалициониот партнер на ДПА во владата истакнуваат дека реализирањето на барањата што го засегаат албанскиот ентитет имаат приоритет. Лидерот на ПДП Абдулади Вејсели и со обвинувања до опонентите дека ништо не сториле на овој план па затоа повторно неможат да и се посветат на економијата:

„Поради тоа што ние сеуште ги немаме решено политичките прашања, а тоа е наметнато од некој друг,“

посочува Вејсели. Програмските содржини главно се усмерени кон политичките прашања, кои партиите сами ги градеа изминативе години и сега тоа се темите кои што мобилизираат повеќе гласови, објаснува аналитичарот Хисен Рамадани.

„Тие тргнуваат од една ментална состојба од 15 години. Знаете каква празнина била во едно полошко да отидеш и да држиш предизборна трибина за економијата, тоа е како да си променет така како да не си доволно албански определен.“

Рамади посочува и дека не доволната вкученост во економијата мегу албанскатата заедница ја минимизира оваа тема:

„Сеуште не е доволно јак економскиот фактор во албанското миље, за партиите да ги натера тие да нудат програми,“

истакнува аналитичарот Рамадани.
XS
SM
MD
LG