Достапни линкови

logo-print

Експертите ги лоцираат причините во тензиите во албанскиот политички блок и меѓуетничката недоверба


Тензиите кои се појавија во албанскиот политички блок и недовербата помеѓу албанската и македонската популација се причините што Македонија се најде на 87 то место во годинашнот извештај на „глобалниот мировен индекс“ за мир и стабилност на земјите,сметаат некои аналитичари. Ризван Сулејмани,поранешен заменик-министер за одбрана вели дека токму поради овие проблеми скоро сите земји од регионов се најдоа пред Македонија.
„Моќта на Република Македонија не доаѓа ниту од големината, ниту од економската моќ, туку од моќта за воспоставување пријатели и внатрешни меѓуетнички баланси. Со повлекување во конзервативни, десно ориентирани политики, се губат балансите. Странците тоа го забележале и не е случајно што е така.“
И социологот Илија Ацески смета дека внатрешната политичка нестабилност, има значаен придонес за ниското рангирање на земјава во извештајот на глобалниот мировен индекс.
„Ние сме секогаш потенцијална земја во криза. Ние сме нестабилност во резерва. Во секој момент можете да предизвикате една ситуација којашто наликува на кризно подрачје. На пример, избори. Вие ќе припукате со калашников, ќе направите некој проблем и вие сте нестабилно подрачје. Во Европа не се пука. Веројатно и аналитичарите кои ги прават тие анализи и скали мислат пред се на тоа.“
Чинители на регионалната безбедност се политичките и економските фактори и ефикасноста на националните институции, кои според професорот од полициската академија Гоце Бачанов, особено оние кои се во делот на борбата против криминалот засега добро функционираат.
„Република Македонија бележи подем во борбата прорив организираниот криминал како во квантитативен, така и во квалитативен смисол, посебно кај организираниот криминал каде што е неопходна регионалната соработка. Република Македонија е на завидно ниво.“
Имено земјите во извештајот се рангирани во однос на 24 внатрешни и надворешни критериуми меѓу кои се и учествувањето во мировните мисии на Обединетите Нации и нивото на криминалот и опасноста од терористички напади. Според овј извештајот најстабилни земји се Исланд, Данска и Норвешка, а најнестабилна со многу немири и насилство е Ирак, додека пак големите светски сили како што се Русија и Соединетите Американски Држави се наоѓаат на 131, односно 97 место.
XS
SM
MD
LG