Достапни линкови

Мјанмар: Генералниот секретар на ОН во посета на Мјанмар


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, допатува во Мјанмар во обид да го убеди воениот режим во таа земја да дозволи дистрибуција на странската помош за жртвите од циклонот. Бан Ки Мун изјави дека се обидува да донесе порака на надеж и ќе ги посети најпогодените региони во Мјанмар. Во циклонот што ја погоди таа земја пред три недели, 134 илјади луѓе настрадаа или се водат како изчезнати.
XS
SM
MD
LG