Достапни линкови

Македонија не може индивидуално да го реши енергетскиот проблем, согласни експертите


Опасноста од продлабочување на енергетската криза која се наметнува како глобален проблем, Македонија не смее и не може да го решава изолирано од другите земји, велат експертите од областа на енергетиката. Земјава, меѓудругото е вклучена во таканаречената енергетска заедница која подразбира посебни обврски, што таа треба да ги исполни, вели проф. Константин Димитров од Машинскиот факултет во Скопје.

„Ниту безбедноста на енергетксиот систем, ниту нешто не ги разгледуваме индивидуално. Кога имаме мака, увезуваме од надвор, нашите преносни системи служат за пренос и кон другите држави и транспорт и позајмица и продажба, значи воопшто не сме сами.“

Енергетската криза значи финансиска криза, посочува проф. Јордан Шиковски од Англо-американскиот колеџ. За да се избегнат негативните последици, потребна е издржана државна стратегија и одговорно однесување на граѓаните кон изворите на енергија, објаснува Шиковски.

„Македонија не може индивидуално да го реши затоа што никогаш немала сериозна стратегија, а уште помалку имала инвестирање во електро енергетскиот систем.“

Регионалното поврзување во заедничка енергетска мрежа можат да предизвикаат ублажување на енергетската криза. Се до тогаш Македонија останува зависна од енергетските пазари на соседните земји, велат експертите:

„Ќе се крпиме како и до сега. Голема надеж се отвора со големите резерви од јаглен што ги поседува Косово,“

изјави Шиковски.

Енергетичарите прогнозираат дека трендот на зголемување на цената на енегенсите ќе продолжи. Политичките кризи во светот предизвикуваат зголемена пробарувачка од една страна и намалена понуда на енергија од друга страна.

„За три години ќе поскапи, ќе се смали потрошувачката 20 насто, луѓето ќе почнат помалку да ја растураат енергијата, ќе има 20 енергија од обновливи извори, ќе нема толку купувачи на пазарот за енергија, па можеби на четвртата година ќе падне цената на течните горива на поразумно ниво,“

Вели Димитров

Токму искористувањето на еколошките извори на енергија, како што се геотермалната енергија, биомасата и биогоривата е подджано од фондовите на Европската Унија, а нејзините земји-членки веќе подолго време истите ги користат.
XS
SM
MD
LG