Достапни линкови

Македонски претпријатија на глобалниот саем за храна во Чикаго


Со поддршка од Програмата АгБиз на УСАИД и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неколку македонски претпријатија изложуваа на глобалниот саем на храна и стил Чикаго 2008 ма. Од УСАИД велат дека Македонските фирми открија нови производни линии и артикли што можат да им обезбедат дополнителна посебност и привлечност на нивните сопствени производни линии.

„Агбиз програмата на УСАИД ќе им помогне на македонските мали и средни претпријатија да го искористат искуството и контактите на саемот,“

вели Наташа Станковиќ од Агбиз програмата

Една од фирмите кои учествуваше на саемот во Чикаго е и Алтра од Гевгелија. Трајко Алчинов преставник од ова компанија вели дека за разлика од европскиот пазар, американскиот е многу поразличен и дека ова ново искуство за нив ќе придонесе за подобрување на бизнисот.

„Различно е искуството од Америка, поинаква организација и клиентела. Нов момент во бизнисот и значаен интерес за македонските производи.“

Но и покрај ваквите збиднувања кои се организираат со цел за подобрување на извозот на домашните компании, сепак реалноста го покажува спротивното. Имено според Алчинов соработката која треба да ја имаат домашните индустриски преработувачи на зеленчук и овошје со земјоделците не е на саканото ниво.

„Тука постојат низа проблеми кои треба да се решат во најблиска иднина. Пред се договарање на производството и ценовата политика.“

Немањето на соработка помеѓу компаниите и земјоделците го потврдуваат и од Здружението Екоградинар

„Ние пробуваме да имаме соработка, но не успеавме затоа што откупувачите на уценуваат, кога се јавува вишок на стока ја намалуваат цената и нема никаква соработка.“

посочува Ване Митев претседател на Здружението.
XS
SM
MD
LG